Thursday, January 14, 2016

Мовови

Со помош на опрашување, а потоа оплодување, се создава семка во растението. Растенијата, според тоа дали имаат семка или не, се делат на семени и бесемени растенија.

Бесемени растенија, како што кажавме, се растенија кои немаат семка. Тие се просто градени, виши растенија. Примери за бесемени растенија се мововитe.

Мовови.
Не повисоки од една педа. Можат да се најдат на поладни, повлажни места.
Наместо корен, имаат мали ситни влакненца наречени ризоиди. Улогата им е исто како и на коренот, и тоа да го прикрепуваат растението за земјата и да примаат минерални материи и вода од почвата. Разликата помеѓу нив и коренот е тоа што во ризоидите нема спроводно ткиво.
Имаат мало, нежно, зелено, просто градено стебленце. Ни тоа нема спроводни садови, а спроведувањето се врши со централниот дел на растението.
Ливчињата (филоиди) се зелени, малечки, нежни, полни со хлорофил. Со нивна помош вршат фотосинтеза.
Спорангија, тоа е 'плод' на мовот. Составена е од перниче и капсула. Тоа е всушност делот кој го опфаќа спорангиумот.

Мововите се размножуваат и полово и бесполово, со смена на генерации. Размножувањето е поделено на  две фази
I фаза: Мовот создава машки и женски полови гамети (клетки). Кога тие заедно ќе се сплотат се добиваоплодена јајце клетка, поточно зигот. (полова фаза или полов дел од размножувањето)
II фаза: Зиготот се дели и од него се добиваат спорангиуми, а во спорангиумите има спори. Кога спорите ќе созреат,  спорангиумот пука, спорите паѓаат на влажна почва  и од нив се добива нов мов. (бесполова фаза)

*Опрашување- процес при кој поленовите зрна се пренесуваат до устенцето на толчникот.
*Оплодување- спојување на машката и женската полова клетка

Sunday, January 3, 2016

❤❤

Среќна ви Нова 2016 година��❤ Ви посакуваме 366 дена полни љубов, среќа, здравје и успех✨

Со љувов,
тимот на Scientist Girls.

Friday, December 11, 2015

Во претходниот ''post" ве запознавме со ткивата и органските системи кај човекот, а сега ќе дознаете нешто повеќе за предходноспомнатиот орган кој го нарековме филтер на организмот, реналниот орган- БУБРЕЗИТЕ!

                                                               Бубрези    
Како што сите знаете во телото има два бубрега. Бубрезите се дел од системот за излачување. Тие ја филтрираат крвта и ги отстрануваат сите штетни или непотребни материи од организмот кои се создаваат додека живееме и растеме. Такви материи се уреата и амонијакот кои се разредуваат со вода и се исфрлаат како урина. Докторите него го нарекуваат ренален орган. 


Saturday, December 5, 2015

Факт #No.3

Факт. #No.3

Сонцето и' обезбедува на нашата планета 126.ООО.ООО.ООО.ООО коњски сили секој ден.

Ткива, органи, органски системи кај човек

Се надеваме дека не не заборавивте :')  Иииии еве не по подолго време, заедно со вас. Каде што застанавме, ткива, органи, органски системи, таму и продолжуваме. Во продолжение ќе дознаете повеќе за нив :))

Повторно да се потсетиме:
Клетка е основна градбена и функционална единица на сите живи организми
Ткиво е збир од повеќе клетки, слични по форма, градба и големина и вршат иста функција.
Повеќе исти или слични ткива, формираат орган кој е специјализиран да врши една функција.
Повеќе органи организирани за да извршуваат некој животен процес формираат органски систем.

Слика бр. 1- епидермис кај човекот
Кај човекот разликуваме четири вида на ткива и тоа:
* мускулно ткиво (заедно со коските даваат потпора и го движат телото)
* нервно ткиво (ја контролира работата на сите органи)
* покровно ткиво (исто така наречено епидермис, тоа е кожата)
* сврзно ткиво (крв и лимфа)

Слика бр. 2- Бели дробови
Во човековото тело, вкупно има 78 различни органи. И сите тие вршат различна функција, пример бубрезите ја прочистуваат крвта, срцето ја пумпа крвта, теннкото црево ги впива хранливите материи и слично. Сите тие се важни за човековото тело и за извршувањето на животните  процеси.

Има 11 различни системи. Како што се:
*Мускулен систем, составен од сите мускули во човечкиот организам
* Систем за излачување (екскреторен систем), кој има улога да ги излачува штетните и непотребните материи од телото. Составен е од бубрази, мочен меур и мочоводни канали.
*Систем за варење(дигестивен систем), со чија помош организмот ја вари храната. Составен е од усна празнина, голтка, хранопровод, желудник, тенко црево и дебело црево и има органи кои помагаат во варењето како панкреасот, црнит дроб и плунковите жлезди.
*Систем за движење (локомоторен систем) кој го овозможува движењето на телото.
* Срцево-садов систем (кардиоваскуларен систем) систем составен од срце и крвни садви (вен и артерии).
Систем за варење- via Wikipedia
*Кожен систем- кожата
* Нервен систем- врши контрола врз телото, составен од мозокот (голем, мал, р'бетен) и нервните клетки.
* Дишен систем, систем со кој човекот диши. Составен од грклан, грло, бронхии, алвеоли и лево и десно белодробно крило.
* Лимфен систем, составен од лимфни јазли, лимфни капилари, лимфни садови
* Ендокрин систем, составен од жлезди со внатрешно лачење и некои одделени жлездести клетки.
*Систем за размножување, составен од машки/женски органи за размножување.









Saturday, November 7, 2015

Факт бр. 1

Човечкиот мозок има меморија од околу 2.5 милиони гигабајти 😨

Friday, November 6, 2015

Ткива, органи кај растенијата

Еве ја ветената наредна објава, и еве уште некои информации во врска со ткивата и органите кај растенијата  :)
                                     
                                                               ☺☺☺

♥Ткиво е збир на повеќе клетки кои се слични по големина, градба и форма и вршат иста или слична функција.

Кај растенијата разликуваме:
Ткиво за растење и развивање(ембрионално ткиво) е создадено од младини нежни клетки кои постојано се делат и размножуваат. Ги има во никулецот,пупките, врвовите на корењата и стеблата.



Површинско ткиво (епидермално) го има на површината на деловите на растението и главно има заштитна функција.


Спроводно ткиво составено од ксилем и флоем. Ксилем  ја носи водата од коренот до листовите. Флоем ги носи органските материи(шеќер) од листовите до другите делови од растението.


флоем


Основно ткиво
Основното ткиво го има во сите делови на растнието, т.е. во сите органи. Улогата зависи од тоа во кој дел од растението се наоѓа, пример, во листот создава храна, стеблото го зацврстува а во плодовите складира храна
                                      
                                                             ☻☻☻

♥Повеќе ткива групирани заедно формираат орган.,
Органите кај рестенијатасе делат во две групи: генеративни и вегетативни. Вегетативни органи се органите преку кои растението расте и се развива:корен, стебло и лист. Генеративни органи се органите преку кои растението се размножува: цвет, плод и семе. На оваа слика можеме да ги видиме органите кај доматот:
Тоа е тоа за сега. повеќе за ткивата и органите кај човекот ќе дознаете во наредната објава





Monday, October 19, 2015

                  Училиштето ,,Стив Наумов'' ја одбележа
               Европската недела на кодирањето

Нашето училиште ја одбележа Европската недела на кодирањето со бројни активности на таа тема.

Ние, вашите блогерки, им представувавме на петтодделенците како да направат свој сопствен блог и како да управуваат со него. Некои ученици направија и свои сопствени блогови, кој нареден пат ќе ви ги претставиме :)





Освен овој час за блогер, исто така се спроведуваа и други бројни активности, како на пример правење проекти на лист на тема здравје па потоа, правење на идентични проекти на истата тема на WebMaker. Повеќе за ова можете да дознаете во интервјуата што ги дадоа некои наставници од нашето училиште, за ТВ Орбис.

https://www.youtube.com/watch?v=fHO1Ah2PKkY