☺☺☺
♥Ткиво е збир на повеќе клетки кои се слични по големина, градба и форма и вршат иста или слична функција.
Кај растенијата разликуваме:
Ткиво за растење и развивање(ембрионално ткиво) е создадено од младини нежни клетки кои постојано се делат и размножуваат. Ги има во никулецот,пупките, врвовите на корењата и стеблата.
Површинско ткиво (епидермално) го има на површината на деловите на растението и главно има заштитна функција.
Спроводно ткиво составено од ксилем и флоем. Ксилем ја носи водата од коренот до листовите. Флоем ги носи органските материи(шеќер) од листовите до другите делови од растението.
флоем |
Основно ткиво
Основното ткиво го има во сите делови на растнието, т.е. во сите органи. Улогата зависи од тоа во кој дел од растението се наоѓа, пример, во листот создава храна, стеблото го зацврстува а во плодовите складира храна
☻☻☻
♥Повеќе ткива групирани заедно формираат орган.,
Органите кај рестенијатасе делат во две групи: генеративни и вегетативни. Вегетативни органи се органите преку кои растението расте и се развива:корен, стебло и лист. Генеративни органи се органите преку кои растението се размножува: цвет, плод и семе. На оваа слика можеме да ги видиме органите кај доматот:
Тоа е тоа за сега. повеќе за ткивата и органите кај човекот ќе дознаете во наредната објава
No comments:
Post a Comment