Бесемени растенија, како што кажавме, се растенија кои немаат семка. Тие се просто градени, виши растенија. Примери за бесемени растенија се мововитe.
Мовови.
Не повисоки од една педа. Можат да се најдат на поладни, повлажни места.
Наместо корен, имаат мали ситни влакненца наречени ризоиди. Улогата им е исто како и на коренот, и тоа да го прикрепуваат растението за земјата и да примаат минерални материи и вода од почвата. Разликата помеѓу нив и коренот е тоа што во ризоидите нема спроводно ткиво.
Имаат мало, нежно, зелено, просто градено стебленце. Ни тоа нема спроводни садови, а спроведувањето се врши со централниот дел на растението.
Ливчињата (филоиди) се зелени, малечки, нежни, полни со хлорофил. Со нивна помош вршат фотосинтеза.
Спорангија, тоа е 'плод' на мовот. Составена е од перниче и капсула. Тоа е всушност делот кој го опфаќа спорангиумот.
Мововите се размножуваат и полово и бесполово, со смена на генерации. Размножувањето е поделено на две фази
I фаза: Мовот создава машки и женски полови гамети (клетки). Кога тие заедно ќе се сплотат се добиваоплодена јајце клетка, поточно зигот. (полова фаза или полов дел од размножувањето)
II фаза: Зиготот се дели и од него се добиваат спорангиуми, а во спорангиумите има спори. Кога спорите ќе созреат, спорангиумот пука, спорите паѓаат на влажна почва и од нив се добива нов мов. (бесполова фаза)
*Опрашување- процес при кој поленовите зрна се пренесуваат до устенцето на толчникот.
*Оплодување- спојување на машката и женската полова клетка
No comments:
Post a Comment