Saturday, December 5, 2015

Ткива, органи, органски системи кај човек

Се надеваме дека не не заборавивте :')  Иииии еве не по подолго време, заедно со вас. Каде што застанавме, ткива, органи, органски системи, таму и продолжуваме. Во продолжение ќе дознаете повеќе за нив :))

Повторно да се потсетиме:
Клетка е основна градбена и функционална единица на сите живи организми
Ткиво е збир од повеќе клетки, слични по форма, градба и големина и вршат иста функција.
Повеќе исти или слични ткива, формираат орган кој е специјализиран да врши една функција.
Повеќе органи организирани за да извршуваат некој животен процес формираат органски систем.

Слика бр. 1- епидермис кај човекот
Кај човекот разликуваме четири вида на ткива и тоа:
* мускулно ткиво (заедно со коските даваат потпора и го движат телото)
* нервно ткиво (ја контролира работата на сите органи)
* покровно ткиво (исто така наречено епидермис, тоа е кожата)
* сврзно ткиво (крв и лимфа)

Слика бр. 2- Бели дробови
Во човековото тело, вкупно има 78 различни органи. И сите тие вршат различна функција, пример бубрезите ја прочистуваат крвта, срцето ја пумпа крвта, теннкото црево ги впива хранливите материи и слично. Сите тие се важни за човековото тело и за извршувањето на животните  процеси.

Има 11 различни системи. Како што се:
*Мускулен систем, составен од сите мускули во човечкиот организам
* Систем за излачување (екскреторен систем), кој има улога да ги излачува штетните и непотребните материи од телото. Составен е од бубрази, мочен меур и мочоводни канали.
*Систем за варење(дигестивен систем), со чија помош организмот ја вари храната. Составен е од усна празнина, голтка, хранопровод, желудник, тенко црево и дебело црево и има органи кои помагаат во варењето како панкреасот, црнит дроб и плунковите жлезди.
*Систем за движење (локомоторен систем) кој го овозможува движењето на телото.
* Срцево-садов систем (кардиоваскуларен систем) систем составен од срце и крвни садви (вен и артерии).
Систем за варење- via Wikipedia
*Кожен систем- кожата
* Нервен систем- врши контрола врз телото, составен од мозокот (голем, мал, р'бетен) и нервните клетки.
* Дишен систем, систем со кој човекот диши. Составен од грклан, грло, бронхии, алвеоли и лево и десно белодробно крило.
* Лимфен систем, составен од лимфни јазли, лимфни капилари, лимфни садови
* Ендокрин систем, составен од жлезди со внатрешно лачење и некои одделени жлездести клетки.
*Систем за размножување, составен од машки/женски органи за размножување.









No comments:

Post a Comment