Saturday, October 10, 2015

Kaко работи една клетка кај човекот?

Животот не е лесен- дури ни за клетката. За да се живее, потребни се фабрики, електрични центали, транспортни ленти, контејнер за чување(складирање) и, што е најважжно, соодветен смислен план за градба.Сега ќе земеме една клетка, на пример од коренот но косата. Може да земеме било каква кклетка бидејќи повеќето од нив имаат иста градба.

Секоја клетка е покриена со многу нежна обвивка која ја чува клетката од надворешни влијанија. Обвивката е мастен слој со вметнати различни белковини, кои треба да завршат различни задачи. Тие можат да примаат или праќаат сигнали до други клетки, или да ги здружуваат клетките. Тие одбираат која материја може да влезе во клетката.

Делчињата што пливаат внатре во клетката се нарекуваат органели. Секое делче е заштитено со своја обвивка и се движи во супа што личи на желе, која се вика цитоплазма. Со помош на еластичните белковински нишки, таа добива форма, наречена клеточен скелет.

Со митохондријата, клетката создава енергија. 
Лизозомите ги разградуваат, ги споредуваат и ги складираат отпадните материи.

Рибозомите, пак, се малечки фабрики што произведуваат нови белковини. Тие слободно пливаат во цитоплазмата или се врзани за ендоплазматска мрежа. Овде се создаваат белковините што се потребни за обвивката или надвор од клетката.

За скелетот на клетката се одговорни центриолите, а тоа е обично кога се дели клетката, и кога се создаваат две нови клетки. 

Голџиевиот апарат додава шеќер на новите белковини и ги насочува да стигнат до својата крајна цел.

Големата топка на средината на клетката се вика јадро. На ова место се собираат сите планови за создавање нови белковини и се претвораат во порака која рибозомите можат да ја читаат. Во секое  јадро има едно или повеќе помали топчиња,  секое наречено јадренце, кое ги здружува различните делови од рибозомите.

Сето ова- формата, функцијата и соработката на органелите- зависи од многу, многу специјални белковини кои се толку мали што не можеме дури ни да ги видиме.



No comments:

Post a Comment