Клетка е основна градбена и функционална единица на СИТЕ живи организми. Клетките можат да бидат различни по форма, големина и градба. Според формата, клетките ги делиме на: топчести, правоаголни, разгранети, вретеновидни, со неправилна форма или ѕвездести. Најголем број од клетките се микроскопски но, клетките кај портокалот, калинката, лимонот, памукот и сл. се клетки видливи со голо око. Според тоа што градат клетките, ги делиме на растителни и животински клетки т.е. клетки кои ги градат растенијата и клетки кои ги градат животните. Основни делови на клетката се јадро, цитоплазма и клеточна мембрана но има и дополнителни елементи во зависност од тоа што градат. Исто така клетките ги делиме на прокариотски и еукариотски односно, клетки со и без вистинско оформено јадро.
No comments:
Post a Comment