Едноклеточни и повеќеклетони организми
Веќе знаеме дека сите живи организми се изградени од клетки. Но, некои организми се изградени од една, а некои од повеќе. Поради тоа, живите организми ги делиме на едноклеточни и повеќеклеточни организми.
 |
Едноклеточни организми |
Едноклеточни организми се организмите изградени само од една клетка. Но, безразлика што е само една, во таа клетка се остваруваат сите животни процеси. Тие можат да се најдат во сите животни средини, на копно, во вода и во воздушна средина. Најчесто, тие се микроскопски, т.е. не можеме да ги видиме со голо око, па ги гледаме со направи за зголемување, а има и такви кои можеме да ги видиме. Tие се размножуваат со делба на клетката на две скоро еднакви половини.
 |
Едноклеточни организми |
Повеќеклеточни организми се организмите кои се изградени од повеќе клетки. Сите клетки во еден ваков организам немаат една иста форма, големина и градба. За да можат да функционираат се групираат во ткива.
Ткиво е збир на повеќе клетки кои се слични по градба, форма и големина и извршуваат иста работа.
Кога ткивата ќе се групираат меѓусебно, се формираат органи, кој извршува една функција.
Повеќе органи поврзани меѓу себе со цел да извршат животен процес, формираат органски систем а сите органски системи го формираат организмот.
Повеќе за ткивата, органите, органските системи и организмот, прочитајте во нашата наредна објава :)
No comments:
Post a Comment